Гир: На дивоградбите не им е местото покрај Охридското Езеро

На дивоградбите не им е местото покрај Охридското Езеро и треба да се отстранат, напиша денеска на Твитер амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Евроамбасадорот смета дека уникатното природно и културно богатство во регионот – признато од УНЕСКО – мора да се зачува.

– Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија денес и утре, пишува Гир на Твитер.

Градоначалникот на Охрид јавно се заблагодари на поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

– Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето, напиша Георгиески како одговор на пораката на евроамбасадорот Гир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот