Гимназијата „Алгоритам” донираше медицинска опрема на Инфективна и „8-ми Септември”

Наставниот кадар и учениците од гимназијата „Алгоритам” донираа медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и Општата болница „8-ми Септември”.

Како што соопшти денеска гимназијата, иницијативата потекна од учениците и професорите кои собраа средства за да се набават маски N95 со високо ниво на заштита, 1.000 интравенски канили од типот B. „Braun Vasofix Safety IV Catheter” со заштитен дел против несакани убодии магнетни табли за побезбедна комуникација меѓу докторите и пациентите.

-Сметаме дека во вакви моменти сите мораме да помогнеме колку што можемеи активно да учествуваме во процесот на враќање на ситуацијата во нормала. Особено сме горди што оваа иницијатива произлезе и се спроведе од учениците, рече директорката на училиштето, Марина Божинова.

Од гимназијата посочуваат дека ова не е им е прва ваква иницијатива. И претходно, како што соопштија,  организирале акции за помош на различни групи граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот