Гигантски велосипед во центарот на Скопје (ФОТО)
Во центарот на Скопје, спроти Зегин, денеска беше поставен гигантски велосипед за да посочи на проблемот со кражба на велосипеди во Македонија.
Урбаната уметничка акција Гигантски велосипед има цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150.000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство но за жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја прилика.
Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000. велосипед.
Велосипедот е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.