Гигантски мурал на Ѓоковиќ во БиХ (ФОТО)

твитер

Првиот тенисер на АТП ранг листата често претставува инспирација на уметниците, а овој пат тоа беше академски сликар од Сараево, Милош Поповиќ.

Поповиќ за пет дена успеа да наслика џиновски мурал кој е посветен на Новак Ѓоковиќ. Муралот го направи на една зграда во Трново, Босна и Херцегевина, а висок е дури осум метри.

– Ми беа потребни пет дена за да го завршам овој мурал. Преносот на скицата на ѕидот беше преку ткн. „мрежа“ со која се служеа старите мајстори кои малите слики ги пренесуваа на големите платна – изјави Поповиќ.

Според сликарот, иницијативата за изработка на муралот ја покрена Туристичката организација на Трново и реакциите се позитивни.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот