Гигантите не ги сакаат идеите на УЕФА

Карл-Хајнц Румениге/ фото: EPA/MATTHAIS SCHRADER

Идејата на УЕФА и на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели да се реорганизира Лигата на шампионите од 2024 година, веќе почна да наидува на голем отпор кај останатите големи екипи во Европа. Во желбата за поголем профит, Ањели се залага Лигата на шампионите да стане затворено натпреварување, но прв кој јавно прогови дека е против оваа идеја е директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге.

– Целиот свет ни завидува на Лигата на шампионите, тоа е најдоброто и најтешкото натпреварување на светот. Сите зборуваат дека ќе има повеќе пари. Но каде ќе одат парите?
На платите за играчите и на провизии за менаџерите.
Клубовите и акционерите нема да имаат голема заработувачка – вели Румениге.

Проблем во идејата на Ањели и на УЕФА, Румениге гледа и во термините за одигрување на натпреварите. Предлогот е од 2024 година, натпреварите во ЛШ да се играат за време на викендите, а натпреварите во домашните натпреварувања би се играле во текот на неделата.

– Во трката за повеќе пари, луѓето забораваат дека клубовите се големи и трофејни поради домашните натпреварувања. Таков систем на натпреварување ќе ги уништи најсилните лиги. Не верувам дека екипите од Премиер лигата ќе се согласат во ова идеја – додава Румениге.

Голем отпор на идејата за реорганизација се очекува и од англиските екипи. Весникот „Тајмс“  најави дека во текот на наредната недела се очекува состанок помеѓу сопствениците на клубовите во Премиер лигата на кој се очекува да се зазеде јасен став против промените на системот на натпреварување во ЛШ.

Според „Тајмс“, поголем дел од сопствениците на екипи се залагаат за бојкот на европските купови доколку УЕФА биде истрајна во намерата да ја реорганизира Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот