Гиевски од НСОН: Протестираме и затоа што ни го газат угледот, не не консултираа за реформите во основното образование

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Покрај примарните проблеми со нередовното исплаќање на плати на наставниците поради што и НСОН организираше протест во саботата, сериозен проблем е и невклучувањето на сите наставници во дијалогот за најавените реформи во основното образование, поради што се руши и угледот на наставниците, вели за „Слободен печат“ Томислав Гиевски, наставник по географија во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Кисела Вода

– Како синдикат не можеме да навлеземе во стручниот дел на концепцијата, бидејќи ние ги браниме работничките права и угледот на наставниците, но ваков акт каде се игнорира мислењето и на Синдикатот и на здруженијата на наставниците, директно се погазува и угледот на наставникот и ние сме тука да го одбраниме тоа – додава Гиевски, објаснувајќи дека доколку не се воспостави дијалог со претставници на МОН протестите ќе продолжат.

Ако продолжи молкот од МОН, просветните работници се закануваат со поголеми протести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот