ГИ ЗАМЕНИ БЛИНДИРАНИТЕ ВОЗИЛА: Путин како „обичен“ граѓанин на Москва се повозе со новото метро (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN

Претседателот на Русија, Владимир Путин, свечено ја отвори првата линија на надземното метро во Москва, додека градоначалникот традиционално му ја поклони картичката „Тројка“, за патување со московскиот јавен превоз, пренесе српски „Курир“.

Путин се качи во возот „Иволга“ на станицата „Белоруска“ и се возеше до станицата „Фили“, што го направи еден од првите патници на оваа новоотворена маршута.

Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN

Во друштво на претседателот беа и гувернерот на Московската облас Андреј Ворoбјов, шефот на Руските железници Олег Белозеров, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков и други официјални лица.

Путин истакна дека ваквите проекти овозможуваат да се решат проблемите со сообраќајот во Москва.

Според информациите, први со работа ќе бидат пуштени две линии, што претставува околу 132 километри пруга, со 66 станици, а на 27 од нив ќе може пратниците да се префрлаат во метро.

Новите возови „Иволга“, кои се произведени во Русија, можат да пренесуваат до две илјади луѓе.

Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот