Ги загуби нервите: После лошиот удар, направи скандал на СП! (ВИДЕО)

фото: твитер

Курт Мафлин го одбележа почетокот на Светското првенство во снукер на мечот против Давид Гилберт.

Дојде неговиот ред за удар кој не помина според планот на англиско-норвешкиот професионален снукер играч.

Беше многу блиску во 16 фрејм да направи максимален брејк од 147 поени..

Погрешно го процени одбивањето на белата топка од мартинелата, спротивно на правилата ја погоди жолтата топка веднаш до сината.

Тоа многу го налути Мафлин, воедно направи скандал покажувајќи среден прст кон белата топка, по што веднаш доби опомена од судијата Татјана Вуластон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот