Ги убил газдите заради милионите кои никогаш ги немале

Али Ќазимај, кој е осуден на доживотна казна затвор во траење од најмалку 35 години, заради двојно убиство кое го извршил во јуни 2016 година, минатиот четврток, во Лондон, не успеал во својот обид за добивање дозвола за поднесување жалба против пресудата, информираат англиските медиуми.

На сослушувањето судија во Апелациониот суд, кој ги разгледувал документите од случајот, го одбил барањето за дозвола за подесување на жалба.

Али Ќазимај (45) во 2017 година е прогласен за виновен и осуден на доживотна казна затвор во траење од најмалку 35 години заради убиство на сопружниците Петар и Силвија Стујарт, двајцата пензионери. На поротата ѝ биле потребни три часа за донесување на пресудата во судскиот процес кој траел скоро еден месец.

Телото на Петар Стјуарт (75), кое било прободено деветпати, е пронајдено во ров во шума во близина на неговиот дом во Мил Лејн во Вејбред, во близина на Дис, на 3 јуни 2016 година, но телото на неговата 69-годишна сопруга Силвија никогаш не е пронајдено.

Судијата Џереми Стјуарт-Смит за време на судењето кривичното дело го опишал како „исклучително и траорно“, а засега веќе осудениот Ќазимај рекол дека е „безмилосен и реализиран убиец”.

– Доколку има и малку човечност во тебе, се надевам дека еден ден на семејството на убиените ќе им кажеш што си сторил со телото на госпоѓа Стујарт, му рекол судијата Стјуарт-Смит на Ќазимај.

Полицијата верува дека Али Ќазимај во Велика Британија престојува уште од 1999 година и дека е од Албанија, иако тој велел дека е од Косово и барал азил во земјата.

Според обвинението, мотивот на Али Ќазимај, кој живеел во Тилбури, Есекс и работел како негувател на свекорот на ќерката на сопружниците Стјуарт, Кристи Паксман, за убиството биле финансиските долгови кои ги имал и кои би ги исплатил со милионите кои сметал дека ги имаат родителите на госпоѓа Паксман.

Обвинителите верувале дека убиството е однапред планирано бидејќи во домот на семејството Стјуарт немало траги на насилство, односно во колата на Ќазимај, марка „цитроен“ биле пронајдени ДНК-траги од Силвија Стујарт.

Али Ќазимај во текот на судењето се бранел дека никогаш претходно не престојувал во Велика Британија, пред да биде уапсен и екстрадиран од Луксембург, и дека во суштина неговото вистинско име е Витал Дапи, дека има 44 години и дека е од Албанија.

Тој, во текот на судењето дал изјава на албански јазик велејќи дека е невин.

– Јас сум човек кој не би убил ни мува, не пак човек – изјавил Ќазимај.

За овој случај телевизиската куќа „Канал 5“ сними документарен филм како дел од серијалот „Убиства во соседството“ (The Murder Next Door) со цел да го докуменира убиството кое го разнебити животот во малото англиско село Вејбред и ја разбранува јавноста. Филмот беше прикажан премиерно вчера и содржи интервјуа со детективите вклучени во истрагата, локалните жители и луѓето кои го познавале Ќазимај, но во неговото снимање не учествувало семејството на жртвите.

Продуцентката на серијата Сара Рест изјавила дека семејството е информирано од страна на полицијата за снимањето, но дека тоа не сакало да биде вклучено.

– Тие знаеја за снимањето и дадоа дозвола, но рекоа дека не сакаат да бидат интервјуирани, изјави Сара Рест.

За екранизација на случајот предлог дала полицијата бидејќи работела напорно за негово разрешување и бидејќи телото на втората жртва сè уште не е пронајдено, напоменала продуцентката Рест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот