Ги продаваат луксузните автомобили, парите од продажбата – ЗА НАРОДОТ

принтскрин/Youtube

Мексиканската влада ќе лицитира 82 возила што ги запленила полицијата, а парите ќе ги инвестира во најсиромашните заедници во државата.

За учество на аукцијата треба да се уплати симболична котизација (околу 4 евра), а претседателот Обрадор рекол дека аукцијата ќе се отвори во новоотворениот Институт за враќање на ограбените средства на народот.

„Сè што е одземено од криминалците сега ќе му биде подарено на народот, особено на сиромашните заедници. Ги ограбувале сиромашните и им давале на корумпираните. Никогаш повеќе! Сè што е одземено го враќаме на легитимните сопственици на ресурсите, на народот“, рекол преседателот.
Владата верува дека со оваа аукција на возилата може да се соберат најмалку 1,5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот