Ги прашавме граѓаните дали подготвуваат или купуваат зимница: Нивните одговори ќе ве изненадат (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали во периодот за подготовка на зимница се одлучуваат да купат намирници и да подготват зимница во домашни услови или се одлучуваат истата да ја набават од некои од супермаркетите, поточно што повеќе им се исплати.

Според одговорите кои ги добивме се добива впечаток дека повеќето од граѓаните се одлучуваат ајварот, лутеницата, малиџаното да ги купат од големата понуда на овие производи во маркетите, отколку да ги подготват дома. Причините за ваквата одлука се различни, дека немаат соодветни услови при подготовка на зимницата, дека нема премногу голема разлика во цената помеѓу готовите и домашно подготвените, како и дека индустриските производи се повеќе наликуваат според вкусот на оние кои се подготвуваат дома.

„Слободен печат“ направи истражување споредувајќи ги цените на купените намирници за подготовка на зимница во домашни услови, како и цената на веќе подготвените индустриски производи.

Сепак, според нашата анкета може да се заклучи дека се уште има граѓани кои сакаат зимницата да си ја подготват самите, отколку истата да ја купат. Како што велат тие, домашната зимница е многу повкусна од купечката, но и дека со подготвувањето во домашни услови се продолжува традицијата, можност за семејството да се собере на едно место и притоа да се дружат меѓусебе, традиција која полека изумира во ова денешно модерно време.

Погледнете ја анкетата која ја направи „Слободен печат“ во врска со оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот