Ги почитуваме мерките и се вакцинираме” – видео на грчката Влада со совети за безбедно враќање од летните одмори

Совети и упатства за безбедно враќање од летните одмори и спречување на дополнително ширење на коронавирусот, содржи новото видео на грчката Влада објавено на социјалните мрежи, кое меѓу другото, порачува граѓаните да се тестираат, да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат, јави дописничката на МИА од Атина.

-На одмор бевме во контакт со многу луѓе. При враќањето не забораваме. Се тестираме со селф тест пред враќањето, а за поголема безбедност се тестираме повторно по неколку дена. Една седмица немаме контакт со ранливи категории. Дополнително сме внимателни со невакцинираните роднини или пријатели за да не ги ставиме во опасност. Ги почитуваме мерките и се вакцинираме, е пораката од грчката Влада до граѓаните.

Видеото завршува со апелот невакцинираните да закажат термин и уште следниот ден да се имунизираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот