ГИ ОДБИЛА Стенфорд и Колумбија – Ќерката на хрватската претседателка се запиша на Харвард

EPA-EFE/Malton Dibra

Катерина Китаровиќ, ќерката на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, од есенва ќе студира на престижниот американски универзитет Харвард, дознава „Јутарњи лист“.

Катерина, која учи гимназија во Загреб и е четврта година, примена е на четири најпрестижни универзитети, меѓу кои и Стенфорд и Колумбија, но избрала да студира на Харвард каде ќе има стипендија повисока од годишната плата на нејзината мајка, која е претседателка на Хрватска.

Ќерката на претседателката, освен што е врвна спортистка (државен првак во уметничко лизгање), е меѓу еден отсто од најдобрите во светот кои го решиле тестот САТ, испит за способности кој се користи како приемен испит за преддипломски студии во САД.

Оние кои ја познаваат Катерина, велат дека сака да се осамостои и да се отсели од родителите.
„Таа не сака да биде јавна личност, не сака за неа да се пишува како за ќерка на претседателка, а сака конечно и да побегне од полициското обезбедување“, велат тие кои ја познаваат.

Катерина Китаровиќ е врвна ученичка и спортистка, а посетува и посебни менторски програми по математика и спасување. Им помагаше на своите врсници кои имаа проблеми со суицидни мисли за што и напиша книга.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот