Ги нема Меси и Суарез, нема проблем тука е Гризман (ВИДЕО)

Стравувањата од нов кикс на Барселона поради отсуството на Лионел Меси и Луис Суарез не се остварија бидејќи на сцена стави Антоан Гризман. Французинот кој летово за 120 милиони евра од Атлетико Мадрид се пресели на „Камп Ноу“ постигна два гола и беше еден од најзаслужните за победата на каталонскиот тим од 5:2 над Бетис во рамките на второто коло од Ла Лига


Гостите први дојдоа до предност на натпреварот преку Фекир во 15. минута, но одговорот на Барселона беше жесток, даде дури пет гола. Гризман прво израмни во 41. минута, а во 49. минута донесе и водство од 2:1. Останатите три гола беа дело на Карлос  Перез, Жорди Алба и Артуро Видал, додека Лорен го постигна вториот гол за Бетис.

Нова минимална победа од 1:0 оствари големиот ривал на Барселона за титулата, Атлетико Мадрид. Замената за Гризман, Жоао Феликс повторно одигра одличен натпревар и со асистенцијата за Витоло го одбележа натпреварот против Леганес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот