Ги научивме ли лекциите, прашува свештеникот во чија црква беа чувани ковчезите со починатите од ковид во Бергамо (ФОТО)

epa08328228 Coffins of people deceased from the COVID-19 novel coronavirus are being blessed inside the church of San Giuseppe in Seriate, Italy, on March 28, 2020. Italy is the country with the highest death rate caused by COVID-19. EPA-EFE/Matteo Corner

Ако постои нешто по кое свештеникот Марио Карминати и трауматизираните жители на италијанската провинција Бергамо се сеќаваат за најлошите денови од епидемијата на коронавирус, тоа се звуците на сирените од амбулантните возила кои ја параат тишнината на карантинот, потенцира АП во репортажа објавена деновиве како потсетување на размерите на пандемијата и ефектот врз живототите на луѓето во Италија.

Без престан, амбулантните возила итаа низ котлините и градовите на Бергамо носејќи во болница мајки, татковици, сестри и браќа кои се борат за здив. Илјадници никогаш не се вратија.

Болниците во Бергамо беа преполни, дел од нив прифати и Германија на почетокот/ Лајпциг март 2020/ EPA-EFE/Hendrik Schmidt / POOL ATTENTION EDITORS: Patients face was pixelated by source

Додека светот брои над милион жртви од ковид-19, мирниот секојдневен живот и звуците на индустријата се вратија во Бергамо, кој заедно со соседниот регион Ломбардија во еден момент беа епицентарот на епидемијата во Европа. Но сеќавањето на тие темни зимски денови и огромната стапка на смртност сега се зад нив, но останаа кај преживеаните за да посведочат дека и остатокот од светот исто така имаше жртви.

„Никогаш нема да запрат“, вели Карминати, свештеник од градот Сериате, од провинцијата Бергамо, присетувајќи се на возилата на брза помош. „Тие само ќе се возат постојано и ќе се прашуваме „Кога ова ќе заврши?“

Карантин во провинцијата Бергамо, само возила на брза помош јурат низ улиците на празните градови/ 21март 2020. Фото: EPA-EFE/Filippo Venezia

Во Бергамо првиот случај на позитивен од коронавирус беше регистриран на 23. февруари, два дена по првиот регистиран случај во Италија со локална трансмисија. Кон крајот на март, провинцијата Бергамо регистрираше за 571 насто зголемување на смртноста, споредено со петгодишниот просек – најголем пораст во Италија и еден од најголемиот локален пораст на стапката на смртност во Европа.

Многу од овие смртни случаи не фигурираат во италијанската официјална бројка на починати од ковид од 35.851, што е втора највисока бројка во Европа, веднаш по Британија, бидејќи многу од жртвите во Бергамо починаа дома или пак во домовите за старци без да бидат тестирани. Сериате, град со 25.000 жители по должина на реката Серио која тече низ Бергамо, беше посебно погоден, и загуби 200 жители. Карминате вели дека околу половина од тие граѓани тој ги познавал лично.

Гробиштата во Бергамо/18 мај 20202/ Фото: EPA-EFE/TIZIANO MANZONI

„Ова ја направи уште потрагична зимата тогаш. Нема лисја на дрвјата и се беше сиво“, се сеќава тој додека оди во обиколка на гробиштата со своето стадо. „Секако дека сеќавам дека се беше сиво и темно од кое се чувствуваш како да не можеш да излезеш: тунел на кој не му гледа крајот“.

Ги отвори црковните врати за да ги прими ковчезите на умрените

Уште на самиот почетокот од епидемијата, прва во западниот свет, Карминати ги отворил вратите на една од црквите, Св. Јосиф, за да ги положат ковчезите кои не знаеле каде да ги носат бидејќи локалните гробишта и крематориумот биле полни.

Отпрвин, околу 80 дрвени ковчези биле наредени во централниот дел на црквата Свети Јосиф.

Карминати заедно со другиот свештеник служеле опело за починатите и го дале последниот благослов и ги попрскале со света вода. Потоа конвој армиски возила ги презел ковчезите за да ги однесе на кремирање. Потоа пристигнале уште 80 други. Па уште толку.

Војската ги презема починатите од црквата во Сериате/ Бергамо, 23 март 2020 Фото: EPA-EFE/Matteo Corner

„Ми го скрши срцето, ме исполни со голема горчина сето тоа“ вели Карминати и додава дека околу 260 ковчези поминале низ оваа црква во текот на март и април, доказ за страотниот биланс од епидемиајта на вирусот во Бергамо кој продолжува и денес. Минатиот месец Карминати го погребал својот 34-годишен внук Кристијан Песико, кој ја загубил петмесечната битка со ковид-19.

„Ќе имаме уште повеќе бидејќи епидемијата не е завршена“, вели Карминати додека малку одмора од секојдневната рутина низ парохија која ја извршува откако го загубил градинарот, потоа и пејачот од црковниот хор како и пријателот Пио кој волонтирал во црквата.

Неговата идеја да ја отвори црквата за кофчезите кога парохијата беше опфатена со целосниот карантин дошла природно, откако болничките мртовечници, крематориуми и гробишта биле полни. Карминати вели дека локалните власти го прашале дали може во црквата привремено да ги чуваат ковчезите. „Немаше друго слободно место“, вели тој.

Војската ги носеше ковчезите на починтите на кремирање / Бергамо, 28 март 2020/ Фото: EPA-EFE/Matteo Corner

Но Карминати исто така почувствува потреба да им овозможи на починатите и достојно заминување, бидејќи на семејствата им беше забрането соодветно да ги погребат починатите. Во Италија, погребите беа забранети и на многу семејства во жалост или со карантинот или на друг начин им беше забрането да ги посетуваат изолираните одделенија во ковид болниците.

На Цветници, Карминати постави по едно маслиново гранче на секој ковчег. Во другите денови има палеше свеќи.

Некои од верниците се обраќале до Карминати откако дознале дека кај него пристигнуваат ковчезите и го прашувале дали нивните блиски починале. За време на врвот на епидемијата, некои од семејствата не можеле со денови да ги лоцираат своите блиски, и да добијат точна информација дали се живи или не, зошто состојбата во болниците станувала премногу хаотична поради растечкиот број на заболени и мртви.

Армиски конвој ги изнесува починатите од Бергамо/ 21 март 2020/ Фото: EPA-EFE/Filippo Venezia

Кога можел, Карминати испраќал фотографии од ковчезите.

Последната порака од својот пријател

Еден ден тој добил 10 повици од верниците од парохијата кои го известиле за смртни случаи. Еден од повиците бил од медицинска сестра која го известила дека неговиот пријател Пио починал. Таа му ја издиктирала последната порака која Пио ја испратил до својата сопруга сакал Карминати требало да и ја пренесе.

„Тој побара од мене да ѝ кажам на сопругата дека многу ја сакал и секогаш ќе ја сака најмногу“, вели Карминати и не може да ги скрие солзите. „Тоа беше последното збогум што тој и го испрати на сопругата“.

Лекциите мора да ги научиме/ Бергамо, март 2020/ Фото: ЕPA

 

Додека тој ги следи вознемирувачките бројки на новозаболени и умрени во светот кои ги има сега повеќе од милион, Карминати се чуди зошто другите земји не обрнуваат внимание на трагедијата на Италија за да можат подобро да се подготват. Наместо тоа, вели тој, го сметаат ова за типично италијанско „претерување“ и веруваат дека некако ќе бидат поштедени.

„Најпрво, се изгуби многу време, а потоа се презедоа некои апсурдни одлуки како „имунитет на стадо“, вели тој, „За оние како нас кои сме фатени во средина на целата работа, слушањето на вакви работи ги збудалува луѓето и тие губат осет за тоа што ќе следува потоа“.

Додека бројките за нови инфекции и починати во Италија денеска не се ниту блиску до пикот, Карминати вели дека знае дека работите многу брзо ќе се сменат. Тој се надева дека светот ќе научи лекции од пандемијата, и поголеми и помали.

„Мора да разбереме дека не сме бесмртни, никој од нас не е вечен“, вели тој по посетата на гробиштата во текот на неделното тивно есенско утро. „Вирусот кај и да е ќе ни се врати и ќе ни покаже колку сме кревки“.

Сведоштва од Италија: Пациенти со коронавирус умираат сами и се погребуваат без обреди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот