Ги насмеа сите: Кирјос повторно ја забавуваше публиката! (ВИДЕО)

twitter.com/_TennisCoaching

Во полуфиналето Кирјос со резултат 2:1 по сетови 6:4, 3:6 и 7:6 (7) го совлада Гркот Стефанос Циципас.

Противник на Австралиецот во завршната битка ќе му биде Русинот Данил Медведев кој двапати со 6:2 го елиминираше Германецот Питер Гојовчик.

Кирјос со своите неверојатни потези повторно го привлекуваше вниманието и извлече неколку тешки удари, но за него како да изгледа тоа „многу лесно“.

Во еден период од мечот, видовме и еден интересен момент. Циципас се мачеше со опремата, поточно со патиките на сите мечеви во Вашингтон.

А трпеливиот Кирјос одлучи да се најде во улога на доставувач на опрема и му се поклони на „кралот“ Циципас, и одново ги насмеа присутните на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот