Ги нарекува мали диви: Мајка месечно троши 1200 евра за маникир, педикир и фризура на малолетните ќерки (ФОТО)

Instagram

Мајка од Бирмингем секоја недела ги носи своите три ќерки на третмани за лице, маникир, педикир и на фризер. Смета дека ќерките учат важни животни лекции, а месечно знае да потроши и 1200 евра само на третмани за убавина.

Хана е претприемничка која сака да ги научи Тиа (17), Брук (9) и Валентина (15 месеци) дека секогаш треба напорно да работат и дека ќе бидат богато наградени за својот труд. Затоа не се плаши дека со ваквите постапки ќе ги разгали. Иако најмалата ќерка е сè уште премлада за какви било третмани, сепак редовно учествува во спа-педикирот со мајка ѝ и со сестрите.

Освен третмани за убавина, нивната мајка се труди да им овозможи и луксузни работи, како на пример брендирана облека, капути од вештачко крзно, а им подарила и два коња како домашни миленичиња.

„Навистина обожаваме да одиме во салон бидејќи тоа е време кога се опуштаме, разговараме и се смееме. На третмани на лице и на фризура одиме секоја недела, додека на маникир на секои две недели. Најмладата Валентина обожава да ми седне во скут и да гледа како на мама ѝ ги прават ноктите, а некогаш и нејзе ѝ ги средуваме по потреба“, изјавила Хана.

Девојчињата се сè уште премали за да имаат вистински лак, па мајка им во согласност со нивните желби им ги бои со посебни бои кои не ги оштетуваат нивните природни нокти. За своите девојчиња вели дека се мали диви кои сакаат гламурозни работи.

Instagram

Нејзиниот сопруг Ник Бериџ, исто така претприемач, многу работи за неговата сопруга и децата да имаат сè што ќе посакаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот