Ги нападнале додека ја гледале Црвена Звезда, повредено и дете!

feral.news

Информациите велат инцидентот се случил во средата навечер, додека Црвена Звезда играше плејоф за Лигата на шампионите во Берн (Швајцарија) против Јанг Бојс, 15 маскирани лица влегле во кафулето „Бафет Петко“ во споменатата општина и ги нападнале гостите, воглавно Срби, кои го гледале натпреварот.

Сведоци велат дека меѓу гостите имало жени и деца кои се префрлени во Општата и ветеранска болница „Хрватски понос“ во Книн. Еден од напаѓачите дури имал и мачета.

Како што соопштува портпаролот за полицијата во Шибеник-Книн, Марица Косор, инцидентот се случил во 22.30 часот, а пет лица се здобиле со полесни повреди, вклучувајќи го сопственикот на кафулето.

feral.news

Неофицијално сопственикот бил погоден со шише во главата, а неговата сопруга има посекотина на ногата. Меѓу хоспитализираните лица се наоѓа и 9-годишно дете. Полицијата интензивно трага по напаѓачите, а информациите велат дека не се од подрачјето на Книн и околината.

Иако сеуште не е потврдено дали настаните се поврзани, и во Џеврске (Хрватска) се случил инцидент. Неколку лица во еден локално кафуле ги провоцирале гостите кои го гледале натпреварот. Воглавно имало провокации на национална основа, коментираше сопственикот на кафулето за „Ферал Њуз“. Немало посериозен инцидент, но полицијата и таму започнала истрага.

Претходно беше објавено дека навивачите на Црвена Звезда се степаа со локални навивачи поради што мораше да интервенира и полицијата.

СВЕДОШТВО НА ТАТКОТО: Го пуштив да го гледа натпреварот, дојде целиот крвав, расплакан!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот