Ги надминале проблемите: Изабела Круз сака да ги поправи односите со нејзината мајка Никол Кидман

Фото: Инстаграм

Ако можеме да се потрпеме на извори од активноста на славните личности на социјалните мрежи, тогаш Изабела Круз која со години имала лоши односи со нејзината мајка Никол Кидман очигледно се обидува да стави крај на тоа.

Се чини дека и двете се на добар пат да ги надминат сите несогласувања и да надоместат за годините што ги пропуштиле не разговарајќи.

Instagram

Со години, Никол Кидман била одделена од своите деца Изабел и Конор, кои ги посвои со поранешниот сопруг Том Круз.

Неговата желба сите да живеат и растат по саентологиски правила ја гушело австралиската актерка, која на крајот „избегала“ од тој брак, свесна дека ќе остане без децата.

Изабела и Конор останале да живеат со Том Круз, кој дозволил неговите деца да бидат воспитувани од целата саентолошка заедница.

Никол Кидман со нејзините деца

Токму тоа е причината зошто Никол Кидман по разделбата со Том Круз поминувала низ мизерија поради фактот што ѝ ги биле скратени сите контакти со децата.

Сето тоа во голема мера најмногу ги погодило децата, кои целосно биле дистанцирани од својата мајка.

Двојката ја посвоила Изабела во 1992 година, и како среќно семејство живееле до 2001 година. После тоа Никол Кидман на многу настапи зборуваше за нив, веројатно поради силните забрани и уцени.

Изабела станала примерен член на Скриентолошката црква, каде што исто така била задолжена за донесување на нови членови.

Изабела Круз / Instagram

Денес, 27 годишната девојка очигледно одлучила дека е подготвена да ја обнови врската со нејзината мајка, а тоа веднаш го привлече вниманието на обожавателите на Никол Кидман кои детектираа дека тие две на некој начин комуницираат!

Instagram

Инаку, Изабела Круз е поранешна студентка по уметност, која живее со нејзиниот сопруг, компјутерскиот програмер Макс Паркер, со кого тајно се омажила во 2015 година во близина на Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот