ГИ ФОТОГРАФИРАЛА ДЕЦАТА, А КОГА ЈА ВИДЕЛА СЛИКАТА СЕ СКАМЕНИЛА: Нејзиниот најголем кошмар станал РЕАЛНОСТ

Иако е уверена, дека во моментот на фотографирање на своето семејство, на тоа место немало никој друг, на фотографијата зад нејзиниот син се гледа лице на уште едно дете.

Британката Лора Вотсон од Њукасл силно се шокирала кога по одреден период подобро погледнала на фотографијата која ја направила за време на излетот на кој била со своето семејство.

Лора, на излетот во шума, ја фотографирала својата ќерка (15), синот (9) и внукот (16) додека се качувале на дрво, но по извесно време отрила дека на фотографијата се наоѓа уште една особа.

Иако е уверена дека во моментот кога сликала, на тоа место немало никој друг, на фотографијата зад лицето на синот забележала лице на уште едно дете.

Како што вели, дотогаш не верувала во духови и паранормални активности, но таа фотографија и го променила мислењето.

– Ова е многу необично и сите сме преплашени. Ќерката и јас не можевме да заспиеме, бидејќи се плашевме. Сопругот работеше ноќна смена и бевме сами, а се исплашивме и дека „тоа“ не следело до дома. Луѓето на Фејсбук ми пишуваа дека се молат за нас – рекла Лора.

Исто така, преплашената жена кажа дека многумина ја обвинуваат за фотошоп, но таа тврди дека не знае како да ракува со алатката. Некои луѓе сметаат дека тоа е дух на момчето кои се удавило во близина на локацијата пред неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот