Ги чекам допинг резултатите за да дознаам дали сум бремен
Нова луда изјава на Мајк Тајсон.
Мајк Тајсон во својот подкаст зборуваше со Џеф Новицки, потпретседателот на УФЦ задолжен за здравјето на спортистите и тема на разговот беше допингот.
Џеф Новицки во УФЦ е задолжен да внимава на борците каква храна и препарати внесуваат во своите организми, а во минатото беше дел од истрагата која откри дека голем дел од спортистите користат нелегални супстанци, популарниот БАЛКО скандал.
Новицки беше дел од тимот кој откри дека некои од најголемите спортски имиња се допингуваат како велосипедистот Ленс Армстронг, атлетичарката Мерион Џонс како и допинг измамата на бејзбол тимот Њујорк метс.
– Тоа е ужасно. Колку само респект оди за професионалните спортисти, за тестовите, тие уринираат во чаша пред некој кој ги надгледува и тоа само поради што во минатото некои користеле простетички орган со друга урина само за да изгледа дека вие уринирате – објаснува Новицки.
Тајсон на неговите зборови имаше урнебесен коментар:
– Многу спортисти користеле урина од своите деца, а некогаш и од своите сопруги. Треба ли да се плашам дека ќе ми стигне тест со резултат дека сум бремен – се пошегува Тајсон.
Новицки открива дека веќе имало таков случај.
– Тоа веќе се случи со еден спортист. Се сеќевам кога ми велеше: Јас седев и ги чекав резултатите од антидопинг тестот и оддеднаш некој ми пријде и ми рече: Вие сте бремени – раскажува Новицки.