ГФК Тиквеш не сака да го игра баражот со Воска Спорт во Скопје

фото: fkrabotnicki.com

Денеска со жрепка се дознаа бараж двојките за опстанок/влез во Првата македонска лига следната натпреварувачка сезона.

Скопје ќе ги одмери силите против Беласица на 22 мај на Градскиот стадион во Штип, а истиот ден на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе играат Воска Спорт и Тиквеш.

Потоа, беше променето местото на одигрување на натпреварот Воска Спорт и Тиквеш, односно одлучено е да играат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

На ваквата одлука реагираа од ГФК Тиквеш кои не прифаќаат да го играат баражот во главниот град:

– Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 АД денес официјално беше присутен со два претставника во Фудбалската федерација на Македонија каде што беше одредена ждрепката за одигрување на Бараж натпреварот за ПМФЛ. На истиот тој состанок беше официјално одлучено за местото на одигрување на натпреварот во Прилеп. Но, по неколку часови по необјасниви причини дојде до промена на местото на одигрување на натпреварот.

НИЕ КАКО КЛУБ НЕ ПРИФАЌАМЕ ПРОМЕНА НА МЕСТОТО ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА ОВОЈ НАТПРЕВАР БИДЕЈЌИ ОФИЦИЈАЛНО НА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЕКИПИ БЕШЕ ОДЛУЧЕНО НАТПРЕВАРОТ ДА СЕ ОДИГРА ВО ПРИЛЕП – стои во реакцијата на ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци.

По завршување на официјалниот состанок во просториите на ФФМ помеѓу двете екипи е пратен допис до МВР односно до двете екипи за одигрување на натпреварот во Прилеп.

– Ова е јасно дека по неколку часа под притисок ФФМ ја менува одлуката за промена на местото за одигрување на натпреварот. Срамота за ФФМ – објавија од ГФК Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот