Гевгелиското трпезно грозје на чекор до големите европски супермаркети

Грозје/ Фото: МИА

Една од водечките мрежи за дистрибуција на свеж зеленчук и овошје во Европа, „Greenyard”, денеска на онлајн презентацијата во Германија ја претстави и гевгелиската компанија „Виторија Фруит” меѓу компаниите кои имаат производствен потенцијал за извоз во големите европски синџири на супермаркети.

-Бевме претставени како пример на компанија која само за неколку години од соработката со организаторот на презентацијата, успеала да ги воведе сите стандарди на квалитет, безбедност и пакување трпезно грозје и токму од тие причини добивме статус на сигурен партнер на мрежата „Greenyard”. Тоа значи дека нашето трпезно грозје е на чекор до најголемите европски супермаркети, велат од „Виторија Фруит”.

На презентацијата, своите капацитети за производство и извоз на сливи, согласно европските стандарди, прв пат ги претставила и компанијата „Баџо” од Богданци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот