Гевгелиските пожарникари добија опрема за спасување при елементарни непогоди

Пожарникари / Фото: Архива

Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, од Дирекцијата за спасување и заштита доби два сета специјализирана нова опрема за интервенции при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди,што до сега ја немала.

-Со доделената опрема нашата противпожарна единица значително го зголеми својот капацитет на инструменти за соодветно извршување на работните задачи во кризни ситуации, рече командирот Игор Ризов, кој упати благодарност до ДЗС за доделената опрема и вети дека со реквизитите што ги добиле на располагање, пожарникарите ќе бидат многу побрзи и поефикасни во интервенциите.

Покрај ТППЕ Гевгелија, специјализирана опрема за интервенции при елементарни непогоди и сообрачајни незгоди, добиле уште 13 противпожарни единици од земјава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот