Гевгеличани на едукација за заштита од пожари, за учениците и квиз

Во пресрет на зимската грејна сезона,Општинскиот противпожарен сојуз на Гевгелија почна едукативна акција за заштита од пожари под мотото „Топол дом без пожари”, чиј покровител е Општина Гевгелија.

Преку летоци и апели граѓаните се потсетуваат на превентивните мерки кои треба да ги применуваат со цел да се елиминираат причините кои би можеле да доведат до пожар во домовите.

– Пред се апелираме на редовно чистење на оџаците, да не се користи запалива течност при потпалување на огнот, електричните грејни тела да се поставуваат подалеку од запаливи предмети и врз нив да не се ставаат алишта, како и одржувањето и поправката на грејните системи да се врши од страна на стручни лица – велат од општинскиот противпожарен сојуз на Гевгелија.

Во периодот од 28 до 31 октомври, Општинскиот противпожарен сојуз ќе организира и квиз за заштита од пожари на кој ќе учествуваат екипи составени од ученици од основните училишта и гимназијата од Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот