ГЕСТ ЗА ПОЧИТ: Играше за Партизан, но им набави карти на „Делии“!

twitter.com/TransferChanger

Репрезентативецот на Србија и првотимец на Фулам, Александар Митровиќ ќе биде домаќин на своите пријатели, навивачите на Црвена Звезда, кои доаѓаат кај него во Лондон, а повод е натпреварот од фудбалската ЛШ помеѓу Тотенхем и Црвена Звезда.

Популарниот „Митрогол“ лично им набави карти! Како што пренесува „Журнал“, Митровиќ нема да присуствува на дуелот, но истиот ќе го следи од дома.

– Натпреварот ќе го гледам на телевизија, затоа што утре играм првенствен меч против Лутон. Звезда има шанса да направи изненадување, Тотенхем е во мал проблем. „Црвено-белите“ безброј пати докажаа дека се најдобри кога е најтешко. Англичаните зборуваат за амбиентот во Белград, едноставно мора да „бркаат“ три бода, особено затоа што се во незавидна ситуација. И тука е шансата на Црвена Звезда – истакнува Митровиќ.

Исто така, Митровиќ се најде во Лондон и во улогата на „домаќин“, па успеа да им обезбеди карти на фановите на српскиот фудбалски клуб.

– Навивачите на Црвена звезда ме повикаа за билети. На вкупно 30 луѓе им го набавив тоа вредно парче хартија. И тоа со задоволство. Многу од нив ќе останат неколку дена во Лондон. Верувам дека Звезда ќе има голема поддршка – додаде Митровиќ.

Интересен е и податокот што Митровиќ (25) е поранешен играч на Партизан, со оглед на големото ривалство со Црвена Звезда, а никогаш не го носел дресот на „црвено-белите“. Па оттука и големиот гест од страна на фудбалерот кој на прво место ја поставува својата држава, со голем љубов кон Србија.

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Црвена Звезда Црвена звезда и Тотенхем ќе започне денеска од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот