Гест за почит: Ед Ширан донираше 10.000 фунти за болницата која се грижеше за неговата покојна баба

Instagram
Instagram
Англискиот музичар Ед Ширан (29) донираше 10.000 фунти во болница која се грижеше за неговата сакана покојна баба. За овој прекрасен гест беа искористени пари од хуманитарната организација на Ед „The Framlingham Foundation Trust “, што исто така им помага на училиштата и на оние на кои им е најпотребна помош. Во годишниот извештај поднесен од добротворната организација се вели дека „донацијата за болницата во Алдебург е доделена за набавка на музички инструменти за рехабилитација и закрепнување на пациентите на отворено“. – Овие пациенти се пациенти со деменција, пациенти со посебни потреби и попречености, пишува во описот. Сега и славниот музичар се огласи: – Имав среќа што не бев на турнеја во последните месеци од животот на баба ми и бидејќи живеев близу, можев да ја посетувам на секои неколку дена, започна Ед. – Грижата што ја доби е неверојатна. Луѓето кои работеа таму се толку убави, сочувствителни, духовити и грижливи, додаде музичарот. – Места како болницата Алдебург едноставно не постојат во многу делови на светот, а покрај тоа  тие се приватни и чинат многу пари, или мора да имате здравствено осигурување за да можете да ги користите, заклучи тој и уште еднаш им се заблагодари на здравствениот персонал во таа болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот