ГЕСТ ВРЕДЕН ЗЛАТО: Му помогна на ривалот да ја помине целта! (ВИДЕО)

twitter.com/iaaforg

Навистина еден убав момент беше виден во финишот од квалификациската трка на 5.000 илјади метри на Светското првенство во Доха.

Атлетичарот од Гвинеја Бисао, Браима Сункар Дабо не се чувствуваше најдобро во последниот круг, но наиде на помош од страна на Џонаран Басби од Аруба.

Басби му помогна на исцрпениот Дабо да помине низ целта, а публиката во Доха со аплауз го награди овој хуман гест на натпреварувачот од Аруба.

И Дабо и Басби беа единствените претставници на своите земји на СП, бидејќи на секоја федерација може да испрати по еден спортист на првенство, без оглед на остварените резултати.

Инаку, стадионот во Доха е климатизиран, но условите за трчање беа далеку од идеални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот