Героски го пријавил заканувачот во полиција

Новинарот Бранко Героски објави дека лицето кое му се заканувало го пријавил во полиција и покрај тоа што претходно тој му се извинил, напиша Героски на Фејсбук.

Во прилог ви го пренесуваме неговиот статус:

„ЗАКАНУВАЧОТ ОД СДСМ ГО ПРИЈАВИВ ВО ПОЛИЦИЈА, СЛУЖБЕНО ЌЕ БИДЕ ИЗВЕСТЕН И ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Лицето Борче Гиноски од Скопје денеска попладне во порака на ФБ ме извести дека јавно ми се извинил за заканата што ми ја упати синоќа. Го прочитав на неговиот ѕид тоа “извинување” и сфатив дека е неискрено, затоа што заканата тој ја нарекува “недоразбирање”.

Од тие причини, случајот сепак го пријавив во Единицата за насилен криминал на СВР Скопје. Составен е записник и извршено е целосно документирање на случајот. Примерок од записникот ќе се најде на масата на јавниот обвинител, за натамошно постапување.

Во минатиот режим, неколку пати на сличен начин имам пријавувано закани, некогаш самиот, а некогаш заедно со други лица. Ниту една од тие пријави не заврши со гонење на заканувачите. Да видиме дали сега има разлика“, пишува Героски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот