Германското МВР потврди: Слободен влез за македонските граѓани од 20 јуни

Германска граница/ Фото: ЕПА

Министерството за внатрешни работи во Берлин, на барање на Дојче веле ги разјаснува дилемите во врска со влезот на македонските граѓани во Германија.

Во одговорот што Дојче веле го добиле денеска од Министерството за внатрешни работи во Берлин во врска со влезот на македонски граѓани во Германија, се вели:

„Со оглед на опаѓањето на бројот на инфекции во повеќе трети држави (држави кои не се членки на ЕУ, н.з.), Сојузната влада овозможува влез во иднина за каква било цел на престој, вклучително и туризам од САД, Тајван, Хонгконг, Макао, Албанија, Србија, Северна Македонија и Либан. Новото правило стапува на сила во недела, 20 јуни, во 0:00 часот. Со тоа Сојузната влада ја следи препораката на Министерскиот совет на ЕУ од денеска.

Со тоа листата на трети држави од каде може да се патува за Германија без ограничувања е проширена на вкупно 15 држави. Покрај новододадените, на неа веќе се наоѓаат и Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

Граѓаните кои имаат место на престој во некоја од овие држави смеат да патуваат и без да имаат есенцијална причина и независно од тоа каков е нивниот вакцинален статус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот