Германското индустриско производство во јули бележи умерен раст

Германското индустриско производство во јули порасна значително помалку отколку што се очекуваше, што, според аналитичарите, укажува на бавно враќање на најголемата европска економија на нивото на производство пред кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Индустриското производство во јули порасна за 1,2 проценти на месечно ниво, што е трет последователен месец на раст по рекордниот пад во март и април, според Бирото за статистика, Дестатис.

Аналитичарите предвидоа месечен раст на германската индустрија од 4,7 проценти во јули.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот