Германските земјоделци бараат државна помош поради климатските промени

epa-efe
Фото: EPA

„Климатските промени се јасно видливи. Нашите приноси повеќе не се стабилни како што беа пред 10 или 15 години“, рече Руквид.

Германските земјоделци бараат од владата во најмалку во наредните 3 години да им осигури 400 до 500 милиони евра годишна заработка поради заштита на земјоделскиот сектор од влијанието на климатските промени.

Тоа денеска го побара претседателот на Германското здружение на земјоделци Јоаким Руквид при објавата на извештајот за жетвата во 2020 година.

Парите би се употребиле за „осигурување од повисок ризик“, кој би се понудил на доброволна основа и на земјоделците би им се пружила заштита од екстремни временски појави, објасни Руквид.

Земјоделскиот сектор не може да воспостави таква програма без поддршка од државата, нагласи претседателот на здружението на земјоделци.

„Климатските промени се јасно видливи. Нашите приноси повеќе не се стабилни како што беа пред 10 или 15 години“, рече Руквид.

Оваа година приносите од житарките повторно се намалени за речиси пет отсто во однос на просекот во периодот од 2015 до 2019 година, наведуваат во здружението.

„На многу места 2020 беше трета година одбележана со екстремни временски прилики, што го загрозува постоењето на некои земјоделски стопанства“, предупреди Руквид.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот