Германските власти забранија собир на радикални десничари

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER BECHER

Денешната забрана е јасна порака – во нашето општество нема место за екстремната десница и антисемитизмот, истакна Сехофер.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер (Кристијанско-социјалната унија ЦСУ) денеска го забрани радикално десничарскиот собир на Комбат 18, откако претходно беше извршен претерес во повеќе објекти на организацијата.

– Денешната забрана е јасна порака – во нашето општество нема место за екстремната десница и антисемитизмот, истакна Сехофер.

Во образложението за забраната се наведува дека организацијата Комбат 18 е „блиска до националсоцијалистичката идеологија” и оти со насилни средства се бори против уставноправниот поредок на Германија. Додека бројот 18 ги означува првата и осмата буква во германската азбука А и Х односно иницијалите на Адолф Хитлер.

Комбат 18 се смета и за вооружено крило на забранетата организација Крв и чест.

Стефан Е. осомничен за минатогодишното убиство на демохристијанскиот политичар Валтер Луебке, кој се залагаше за заштита на бегалците, исто така беше поврзан со Комбат 18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот