Германските власти: Треба да почнат подготовките за обнова на Украина

Фото: Twitter / MFA Ukraine / илустрација

Треба да почнат подготовките за обнова на Украина и за справување со штетите од војната, изјави германската министерка за економска соработка и развој Свења Шулце на заедничката прес-конференција со украинскиот амбасадор во Берлин Олексиј Макеев.

„Секој кој верува во подобра иднина, кој работи за неа, ќе може подобро да ги преживее овие тешки времиња“, рече Шулце на претставувањето на интернет платформата чија цел е да помогне во воспоставувањето врска меѓу хуманитарните организации и приватниот сектор.

„Од искуството во работата за опоравување ширум светот, знаеме дека добрата подготовка е исклучително важна, така што итната помош да може да го надополни долгорочното закрепнување што е можно подобро и поефикасно“, додаде Шулце.

Платформата на централизиран сајт има за цел да биде контакт за сите што сакаат да придонесат за закрепнувањето, наведува ДПА.

„Штетата предизвикана од руската инвазија е огромна и моментално се проценува на 135 милијарди долари“, рече Макеев.

Тој додаде дека на Украина ќе и требаат повеќе од 400 милијарди долари, од кои „14 милијарди се потребни оваа година“.

Одговарајќи на прашање, Макеев рече дека Украина ќе обезбеди правилна употреба на средствата и ќе се бори против корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот