Германските власти ставија 600 бегалци во карантин откако избувна зараза со морбили во центарот кадешто се сместени

Бегалци/ Фото: МИА

Саша Лангенбах, портпарол на државната канцеларија за бегалци во Берлин рече дека заразата со мали сипаници се појавила во зграда која е дел од Центарот за бегалци.  Моментално 600 лица се во карантин и на жителите им е забрането да ја напуштат зградата.

Сипаниците се инфекциска заразна болест и поради тоа жителите на зградата кои се сместени таму же останат во карантин се додека не помине периодот на инкубација. Две мали деца се заразени.

Главните симптоми се треска, кашлица и осип кои се шират од главата до краевите на телото.

– Тешко е понатаму да се ограничи слободата на движење за луѓето кои веќе живеат во тесни услови. Сепак, засега, треба да се проверат неколку работи заедно со здравствениот оддел кој воведе карантин. На пример, треба да погледнеме кој од бегалците е вакциниран против морбили и колку години имаат жителите, рече Лангенбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот