Германските тенкови „Леопард 2“ предадени на Украина

Фото: Bundeswehr/Wikipedia

Контингент од 18 борбени тенкови од типот „Леопард 2“, кои Германија вети дека ќе ги испрати во Киев за да ја поддржи Украина во војната против Русија, е предаден на украинската граница, објави денеска Шпигел, повикувајќи се на неименувани извори.

Според медиумот, на Украина и се предадени и околу 40 пешадиски борбени возила од типот Мардер.

На 25 јануари германската влада одобри испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина, како и нивен повторен извоз од земјите партнери.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус по таа одлука изјави дека тенковите ќе бидат испорачани пред крајот на март.

Инаку Полска и ги испорача првите борбени тенкови „Леопард 2“ од германско производство на Украина уште пред еден месец.

Полска ги испорача првите тенкови „Леопард 2“ во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот