Германските неонацисти дојдоа во Грција да ја бранат границата, изедоа ќотек од Грците (ВИДЕО)

Лезбос овие денови има прилично разновидни посетители: од една страна, мигрантите, од друга страна десничарските екстремисти од другите европски земји, кои дојдоа во Грција „за да ловат бегалци“ и да ја „бранат границата“.

Грчкиот остров Лезбос, оддалечен помалку од шест километри од турскиот брег на најблиската точка, повторно е едно од главните жаришта на мигрантската криза, предизвикана со турското пуштање на мигрантите кон Европа како средство за притисок на Европската Унија.

Лезбос овие денови има прилично разновидни посетители: од една страна, мигрантите, од друга страна десничарските екстремисти од другите европски земји, кои дојдоа во Грција „за да ловат бегалци“ и да ја „бранат границата“.

Антифашистите ги претепаа германските неонацистите, овие на помош ги повикаа грчките „другари“

Како што јави грчкиот портал Екатимерини и локалните левичарски страници на Твитер, неколку германски идентитаријанци утрово дојдоа на Лезбос претставувајќи се како новинари, но тамошните грчки антифашисти наводно ги претепале и ги протерале од островот. Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи ја потврдуваат оваа верзија на настаните.

Еден од идентитаријанците, Марио Муелер, ги повика грчките неонацисти да дојдат на Лезбос и да им помогнат во борбата против антифашистите. „Грчки другари, некои антифашисти се на островот. Дојдете и фатете ги“, напиша Муелер покрај хаштагот „непријатели на Европа“.

Уште една група од 10 Австријци и Германци, припадници на екстремно десничарската  и антимигрантска група Identitare Bewegung (од германски: Идентитијарско движење), познато едноставно како идентитаријанци, дојде во Грција во средата и се упати кон границата со Турција.

На својот Твитер профил објавија повеќе фотографии од границата со знамиња на своето движење и транспарентот: „Нема шанси. Нема да ја направите Европа свој дом“.

Но, како што пишува Екатимерини, грчките безбедносни служби ги протерале од земјата.

Идентитаријанците инаку пропагираат теорија на завера за таканаречената Голема замена на население во Европа со не-бело имигрантско население, што според таа теоријата е таен проект на разни „глобалистички“ и „ционистички“ елити. Оваа теорија во последните денови енергично ги застапува и Саборскиот пратеник Иван Пернар. Интересно е дека на истата теорија, позната како „бел геноцид“ се повикуваа и десничарските терористи Брентон Тарант и Андерс Брејвик.

И стотици француски неонацисти доаѓаат на Лезбос?

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави непотврдена информација дека стотици француски екстремни десничари се упатиле кон Лезбос за да ја „поддржат локалната популација“.

И Џими Акесон, водач на крајната десничарска партија Шведски демократи, кој според последните анкети е најпопуларна во Шведска, направи излет во Грција и таму им делеа летоци на мигрантите дека „Шведска е полна“ и дека таму повеќе нема место за нив.

Меѓутоа, и самите жители на Лезбос се фрустрирани, огорчени и реагираат поради чамците со мигрантите кои повторно почнаа да пристигнуваат на нивниот брег, пет години по првиот мигрантски бран.

На овој остров со само 86.000 жители веќе се сместени околу 20.000 мигранти и бегалци од дури 64 различни земји: од Сирија и Авганистан, преку Ирак, до Ангола и другите африкански земји.

Жителите на Лезбос и самите протестираат против мигрантите, нападнат новинар

Повеќето се сместени во пренатрупаниот бегалски камп, со озлогласено име „Морија“ (што е име за имагинарното подземно место од „Господарот на прстените“). Капацитетот на Морија одамна е надминат, условите во него според Хјуман Рајтс Воч се „несоодветни дури и за животни“, а мигрантите во него се заглавени како во „хот спот“ меѓу западна Европа во која сакаат да одат и земјите од каде се дојдени. И мигрантите и локално население веќе неколку пати посведочија, дека и едните и другите се незадоволни од неодржливата ситуацијата.

Локалните Грци минатата недела го блокираа патот за Морија за да не можат тука да поминат стотиците нови мигранти кои пристигнуваат со чамци од Турција. Најмалку еден чамец тоа утро е запрен и спречен воопшто да пристигне на брегот, а на новинарите им забранија да снимаат, како и на европратеникот Ерик Марквард. Независниот германски новинар Михаел Трамер го нападнаа и му ја фрлија опремата во море.

Германските неонацисти исто така се присутни меѓу локалните противници на мигрантите, но како што изјави локалната жителка на Кристина Чацидаки рече за „Дојче Веле“, дека „тие се само мала група“.

„Митилини (најголемиот град на Лезбос) има 30.000 жители, но на островот има околу 25.000 бегалци – бројките ви говорат колку е ова апсурдно“, додава оваа Гркинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот