Германските медиуми: Сомнителниот инвеститор Богољуб Кариќ е спасител на германскиот пазар на недвижнини

Српскиотот милијардер Богољуб Кариќ стана сопственик на 4,2 проценти од германската компанија за недвижнини Ајмакс, пишува печатот во Германија.

Компанијата Ајмакс не беше многу привлечна за инвеститорите во последните неколку години, а Кариќ сега се појавува како „спасител“, според угледниот германски весник „ВиртшафтсВохе“, пренесе Бета.

„Иако пазарот на недвижнини е во подем, Ајмакс не беше многу привлечен за инвеститорите. Така, во рок од четири години, индексот на акциите на компанијата падна нагло, дури за 80 проценти. Но, сега се појави нов, сомнителен инвеститор. Богољуб Кариќ, што го бараше Интерпол поради перење пари, доби сопственост 4,2 проценти од сопственоста на Ајмакс“, пишува ВиртшафтсВохе.

Весникот наведува дека „тој 67-годишен политичар, милијардер и претприемач се сметал за еден од најважните донатори“ на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ и дека тој за кратко време бил и министер во неговата влада, пренесува Дојче веле.

ВиртшафтсВохе додава дека Кариќ е во Русија од 2010 година и дека земјата му одобрила „политички азил“.

Весникот наведува дека и покрај огромната побарувачка за станови во големите градови во Германија, градењето нови недвижнини е неблагодарна работа.

„Банките финансираат само еден дел. Остатокот мора да го обезбедат самите претприемачи или да користат скап мезанински капитал, што е еден вид средна форма на сопствен и странски капитал“, се вели во текстот.

Недвижниот имот, како што се наведува, често не се продава пред последната фаза, а парите дури потоа се истураат во касите. Затоа, само малите фирми како „Ајмакс“ во раните години се пролично „кнап“ со пари.

„Поради постојаните проблеми со парите, работите не одеа како што се надеваа инвеститорите во Ајмакс. Повеќе пари постојано се излеваат од касата на Ајмакс отколку што се влеваат во неа. Таа дупка се крпи со нови заеми со години. Сега, сепак, останува да се види. Дали српскиот милијардер Богољуб Кариќ ќе биде среќен со своите инвестиции“, наведува ВиртшафтВохе.

Германскиот весник посочува и на проблем со еден од најголемите проекти на „Ајмакс“, во Манхајм.

„Поради доцнењето во градежништвото и новото планирање, трошоците за изградба очигледно се зголемија. Добивката од продажбата на два логистички центри во Србија исто така е помала од претходно планираната“, додава ВиртшафтВохе.

Весникот додава дека директорот на Ајмакс, Мајкл Милер редовно собирал пари од инвеститори за „комплицирана деловна активност“, како што е купувањето и реставрацијата на замокот близу Виена, кој некогаш бил во сопственост на војводата Карл, победникот во битката кај Асперн против Наполеон.

„Под името Ајмакс Реал Естејт, Милер исто така ги наброја своите компании на берзата во 2011 година. Тој спроведува големи зделки со недвижнини, според неговите сопствени изјави, во моментов во износ од 1,4 милијарди евра“, пишува ВиртшафтВохе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот