Германските медиуми: Неонацист осомничен за убиството во Хале

Фото: Илустрација/EPA

Уапсениот напаѓач во нападот пред Синагогата во германскиот град Хале, во кој во средата се убиени две лица, всушност бил неонацистот Стефан Балиет (27), пренесе Танјуг, повикувајќи се на германските медиуми.

Како што пренесува „Билд“, напаѓачот од пушка пукал пред Синагогата, а поставил и експлозив од домашна изработка пред зградата на Синагогата во обид да ја сруши вратата.

Откако не успеал да влезе во Синагогата, влегол во продавница за кебапи и убил маж. Балиет својот убиствен поход, според пишувањата на „Билд“ го пренесувал во живо на интернет.

На снимката се гледа како убива една случајна минувачка. Според полициските податоци, во нападот учествувале неколку напаѓачи кои побегнале со автомобил.

Балиет по нападот учествувал во сообраќајна несреќа, а потоа бил уапсен.

Агенцијата Бета пренела дека живата снимка од убиствениот поход била емитувана преку платформата „Twitch“, на која се гледа дека во нападот биле убиени уште две деца и уште две се здобиле со тешки повреди.

Компанијата „Twitch“ информирала дека забрзано работи да ја отстрани таа содржина и додала дека секој профил кој ќе бде откриен дека објавува или повторно реобјавува содржина од „тој громорозен чин“, ќе биде трајно суспендиран од таа платформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот