Германскиот Уставен суд им забрани на разузнавачките служби масовно следење комуникации

Обвинителите утврдиле дека голем број истажувачки новинари во Германија неволно соработуваат со меѓународните новинарски партнери бидејќи тоа би отворило можност да биде следена нивната работа.

Следењето на интернет комуникациите во друга земја е кршење на темелните права, објави германскиот Уставен суд, забранувајќи притоа разузнавачката служба, БНД, во иднина масовно да ги следи интернет комуникациите без конкретен повод.

– Следењето на интернет сообраќајот во странство се коси со законот за слобода на медиуми и телекомуникациски тајни, се вели во соопштението на судот во Карлсрух. Покрај тоа повреда на темелните права се забранува и со Уставот.

Со тоа е прифатена тужбата на група странски новинари и здружението на Репортери без граници кои побараа преиспитување на реформираниот закон за БНД од 2016 година, а кој овозможува масовно следење на интернет комуникациите на странците без конкретен повод.

Греманците начелно уживаат заштита од следење

Обвинителите утврдиле дека голем број истажувачки новинари во Германија неволно соработуваат со меѓународните новинарски партнери бидејќи тоа би отворило можност да биде следена нивната работа.

Странските новинари би имале проблем и со „свиркачите“ кои поради страв потешко би им давале информации, се вели во аргументите.

Германците начелно уживаат заштита од следење. БНД во иднина ќе мора своето следење на телекомуникациите во странство да ги оправда со конкретен повод.

Спорно било и прашањето дали би можеле странците, исто како и германските државјани, да се повикуваат на темелните права на германскиот устав.

Уставниот суд на законодавците им даде време до крајот на следната година да го прилагоди постоечкиот закон за БНД со цел да не се коси со законите за телекомуникациски тајни и слобода на медиуми.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот