Германскиот суд осуди Русин за убиство по државна наредба

Убиството на Зелимкан Кангошвили/ Фото EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Германски суд денеска осуди руски државјанин за убиство на Чеченец во Берлин пред две години, наведувајќи во пресудата дека злосторството го извршил по налог на руската влада, пишува Гардијан.

Регионалниот суд во Берлин објави дека руските безбедносни служби му дале на 56-годишниот Вадим Красиков лажен идентитет, лажен пасош и средства за извршување на нападот во август 2019 година. Судот го прогласи Красиков за виновен за убиство и го осуди на доживотен затвор.

Во образложението на пресудата, судиите наведоа дека Красиков сноси „особено тешка одговорност” за убиството, што значи дека по 15 години нема да има право на автоматска условна казна, што е вообичаено во Германија.

Официјален Кремљ ги нарече „апсолутно неосновани” тврдењата за вмешаност на Русија во убиството во Берлин.

Убиството на Зелимхан „Торника” Хангошвили (40), грузиски државјанин од чеченска националност, во август 2019 година предизвика гнев во Германија и ги зголеми дипломатските тензии меѓу Русија и Германија. Тоа ја поттикна германската влада да протера двајца руски дипломати, на што Москва реципрочно одговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот