Германскиот селектор Лев задоволен што доби „лесна“ група во квалификациите за СП
Денешната жрепка во Цирих одреди една од најдобрите репрезентации на светот, четирикратниот светски шампион Германија во квалификациите за СП 2022 во Катар, да игра против Македонија.
Германија е носител во групата Ј и е главен фаворит за освојување на првото место кое носи директен пласман на Мундијалот во Катар, а на селекторот на „панцирите“ Јоаким Лев кој се наоѓа под сериозен притисок на јавноста поради слабите резултати во Лигата на нации, му олесна што доби „лесни“ противници.
Покрај Германија и Македонија, во групата Ј се уште и селекциите на Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.
– Мора да се признае дека добивме добра група. Мора да ја оправдаме фаворитската улога, но секако немам намера да потценам ниту еден од противниците. Сепак, разбирливо е дека очекуваме да бидеме во Катар – изјави Лев.