Германскиот претседател Штајнмаер со предупредување: Да не се прекинуваат сите врски со Русија

Франк Валтер Штајнмаер/Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска предупреди да не се прекинуваат сите врски со Русија, и покрај трнливиот период во односите, нагласувајќи дека Западот и Русија се одговорни за мирот во Европа.

– Во оваа тешка фаза од нашите односи, мора да се осигураме врските целосно да не се раскинат, рече претседателот на Германија, нагласувајќи дека многу мостови меѓу Западот и Истокот се уништени во последните 20 години.

Според него, ова е алармантна состојба, особено во овие кризни времиња.

– Живееме во период на тешки односи, но има минато пред нив и иднина по нив, рече Штајнмаер на годишната конференција на германскиот комитет за источно-европски економски односи.

– Двете страни сме одговорни за иднината на мирна Европа, нагласи германскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот