Германскиот министер за финансии позитивен на ковид во САД

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер/Фото: Christoph Soeder / AFP / Profimedia

Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер излезе позитивен на коронавирус за време на пролетната конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, јави ДПА.

Линднер (43) ја потврди веста на Твитер. Тој е позитивен на вирусот „по две години без Ковид-19 инфекција”.

Министерот додаде дека „благодарение на трите вакцини”, сега се соочувал „само со благи и бледи симптоми на настинка”.

Тој беше во Вашингтон за состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот