Германскиот министер за финансии на Хесен е пронајден мртов
Министерот за финансии на регионот Хесен, што го вклучува и градот Франкфурт, е пронајден мртов, а се претпоставува дека причината за неговата смрт е самоубиство поради грижите околу ситуацијата со коронавриусот, пишува Блумберг.
Телото на 54 годишниот Томас Шафер е пронајдено во саботата на железнички пруги во близина на Франкфурт. Тој бил член на Христијанската Демократска Унија на Ангела Меркел.
Полицијата соопшти дека обверзациите и доказите досега алудираат дека Министерот си го одзел животот.
Премиерот на оваа сојузна германска држава, Волкер Буфер претпоставува дека причина се финансиските потешкотии предизвикани од коронавирусот.
Волкер изјавил дека Шафер бил многу загрижен околу тоа дали ќе ги задоволи високите очекувања на популацијата, најмногу околу финасиите.
„Морам да претпоставам дека овие грижи го преполовија“, вели Премиерот. „Тој очигледно не можел да пронајде излез. Беше очаен и не напушти“.
Томас Шафер беше Министер за финансии на Хесен една деценија.