Германскиот министер за економија Питер Алтмајер во карантин

Германскиот министер за економија Питер Алтмајер е вториот член на владата во Берлин што од вчера е во карантин поради епидемијата на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.

Тој најави дека ќе остане дома бидејќи бил во контакт со помошникот на еден од неговите колеги министри во ЕУ, чиј тест за коронавирусот бил позитивен.

Претходно, и министерот за надворешни работи Хајко Мас соопшти дека од вчера е во карантин, откако било утврдено дека еден од неговите телохранители има Ковид-19.

Бил во контакт со позитивен телохранител на ковид-19: Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во карантин

Иако првиот тест на министерот покажа дека Мас е негативен, тој ја откажа планираната посета на Јордан, се наведува во соопштението на германското министерство.

Веста за Мас доаѓа само еден ден откако беше одложена средбата на лидерите на ЕУ, бидејќи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е ставен во карантин поради контакт со лице заразено со коронавирусот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во карантин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот