Германскиот министер Рот со видео порака му даде поддршка на Никола Димитров

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот преку видео обраќање му даде поддршка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој е носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

„Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија“, вели Рот во пораката која завршува со зборовите:

„Ве молам гласајте за него, гласајте за светлата иднина на Република Северна Македонија“.

Димитров, попладнево на својот фејсбук профил се заблагодари за поддршката што му ја упати германскиот колега, државниот министер за Европа, Михаил Рот.

„Една од основните мисии на надворешната политика е да создава пријателства. Колку повеќе пријатели имаме, толку сме поуспешни и посилни, толку побрзо одиме кон целта. Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија Германија, ми е колега.
Уште поважно – Михаил ми е пријател. Благодарам драг пријателе на силната поддршка“, напиша Димитров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот