Германскиот гувернер: Високата инфлација би можела да потрае

Јоаким Нагел/ Фото Britta Pedersen / AFP / Profimedia

Новиот гувернер на германската централна банка Јоаким Нагел предупреди дека високата инфлација може да потрае подолго од моментално очекуваното, порачувајќи ѝ на Европската централна банка дека мора да биде подготвена да ја прилагоди монетарната политика, јави Блумберг.

Инфлацијата во еврозоната минатиот месец се зголеми на пет отсто, што е највисоко ниво откако Европската статистичка служба почна да ги следи податоците, што е повеќе од двојно повисока од целта на ЕЦБ.

Од друга страна, банкарските претставници постојано нагласуваат дека цените нема брзо да растат со текот на времето, укажувајќи на високите трошоци за енергија и нагласувајќи дека инфлацијата треба да се намали под целта од два отсто до крајот на 2022 година.

Новиот германски гувернер во денешниот инаугуративен говор предупреди дека не треба премногу да се потпираат на таквите прогнози бидејќи цените би можеле да продолжат да растат посилно отколку што се очекува во моментов.

– Точно е дека високите стапки на инфлација можат да се припишат, меѓу другото, на еднократни фактори кои сами ќе исчезнат. Но, тие не се единствената причина, рече Нагел.

Тој забележува дека „среднорочните прогнози во моментов се многу неверодостојни и цените би можеле да се зголемат дури и пониско од проценетото”

– Сепак, ми се чини дека во моментов постои опасност стапката на инфлација да остане повисока на долг рок од моментално очекуваното, истакна новиот шеф на Бундесбанката.

Доверба во ЕЦБ

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, на церемонијата посочи дека граѓаните на еврозоната кои се загрижени за растот на цените можат да и веруваат на ЕЦБ и да бидат сигурни дека таа ќе ја стабилизира инфлацијата.

– Разбираме дека растот на цените загрижува многумина и ја сфаќаме таа загриженост многу сериозно… Луѓето можат да бидат уверени дека нашата посветеност на стабилноста на цените е непоколеблива, што е клучно за цврсто закотвување на инфлациските очекувања и за довербата во валутата, нагласи Лагард.

На последната седница минатата година, ЕЦБ објави крај на кризната програма за купување средства на крајот на март, но и паралелно зголемување на вредноста на стандардната програма за поддршка на економскиот раст и инфлацијата, која е воведоа по должничката криза.

Нагел денеска изјави дека монетарната политика можеби ќе треба да реагира доколку инфлацијата ги надмине очекувањата.

– И покрај неизвесноста, јасно е дека Управниот совет на ЕЦБ ќе мора да интервенира и да ја приспособи монетарната политика доколку тоа го бара ценовната стабилност, изјави новиот шеф на Бундесбанката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот