Германскиот фудбалер кој во Токио ја запроси девојката сега е обвинет дека ја изневерувал

EPA-EFE/FREDERIC SCHEIDEMANN

Германскиот репрезентативец Макс Крузе кој за време на Олимписките игри во Токио пред ТВ камерите ја запроси својата девојка, се најде во центарот на скандал. Крузе ја воодушеви јавноста кога пред ТВ камерите ја побара својата девојка Дилара за сопруга, нејзиниот одговор бил ДА, но во меѓувреме се јави уште една девојка, Ванеса Марипоса која тврди дека фудбалерот ја изневерувал идната сопруга токму со неа.

Имаше афера со мене, а сега сака да ја жени таа девојка. Не можам да поверувам. На почетокот од годината се сретнавме во Дубаи. Ме повика во вилата 5005 која ја изнајми. Рече дека е слободна и поминавме неколку ноќи заедно. Никогаш немаше да спијам со него доколку знаев дека има девојка. Потоа, повеќе не се видовме, а до почетокот на февруари се слушавме на телефон. Се уште ја имам неговата маица кај мене дома – изјави Ванеса за „Билд“.

 

Пријател на Крузе ги демантира тврдењата на Ванеса, тој за „Билд“ вели дека фудбалерот во тоа време не бил со Дилара, а во меѓувреме се огласи и самиот фубалер.
– Тоа што се случува помеѓу мене и свршеничката е наша работа. Знаеме се еден за друг, нашата доверба е неограничена и затоа сакам да ми биде сопруга. Вистината е дека не сум ја измамил Дилара. Затоа и не се грижиме за жените кои преку нас сакаат да дојдат до внимание – порача Крузе.

ВИДЕО НА ДЕНОТ: Германски фудбалер по натпревар ја запроси девојката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот