Германскиот авто – гигант почнува со работа кон крајот на април

Различните одлуки на владите за укинување на мерките воведени за спречување на вирусот влијаат на постепеното отворање на фабриките низ земјите во светот.

Германскиот производител на автомобили Фолксваген, соопшти дека следната недела продолжува со производство на погоните за патнички возила во Европа.

Првата фабрика, со седиште во Волфсбург, ќе започне со работа во Германија и Словенија.

Останатите фабрики на Фолксваген во САД, Португалија, Шпанија и Русија ќе продолжат со работа по 27 април.

Фабриките во Јужна Африка, Аргентина, Бразил и Мексико ќе започнат со работа во мај.

Голем број од фабриките во Кина веќе продолжија со работа.

Брендот на Фолксваген, Ауди почна со ограничено производство на мотори во Унгарија, но главниот погон во оваа држава се уште не е отворен.

Главниот извршен директор на Фолксваген, Ралф Брандстатер истакна дека различните одлуки на владите за укинување на мерките воведени за спречување на вирусот влијаат на постепеното отворање на фабриките и додаде дека компанијата развила мерки за заштита на здравјето на вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот